|
|
|
 |
Соопштенија за Јавност
|
 |
|
09.05.2012 СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
|
|
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Во правец на вистинито и релевантно информирање на јавноста и граѓаните за акцијата во јавноста позната како „Монструм“, а поради големиот интерес во јавноста за лицето кое беше притворено како шесто обвинето по губењето на својството заштитен сведок во жалбена постапка, Основниот суд Скопје 1 Скопје, го дава следното соопштение:
Постапката со која одредено лице се здобива и го губи статусот на заштитен сведок е регулирана со одредбите од Законот за кривична постапка и Законот за заштитени сведоци. Статусот на заштитен сведок може да се промени во текот на целата постапка, согласно одредбите на ЗКП.
Евидентно од досегашната пракса на Основниот суд Скопје 1 Скопје, особено во Одделението за организиран криминал и корпуција на овој суд, е дека ова не е единствениот случај да едно лице се здобие, а потоа го изгуби статусот на заштитен сведок.
Во овој контекст се укажува дека непотребни и несоодветни се било какви шпекулации во јавноста по однос на постапката за здобивање и губење на статус загрозен сведок во случајот „Монструм“.
Канцеларија за односи со јавност при Основен суд Скопје 1 Скопје
|
 |
|
|
08.05.2012 СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТ
|
|
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Во врска со настанот од 13.04.2012 година, во близина на езерото на с.Смиљковци, во кој што 5-пет лица го загубија животот, ја известуваме јавноста дека вчера на ден 07.05.2012 година истрагата е проширена за уште едно лице, за кого е определена мерка притвор во траење од 30 дена, за кривично дело Тероризам од чл.394-б ст.1 в.в. со чл.24 од КЗ на РМ.
Ова лице беше опфатено со првичното барање на Основното Јавно Обвинителство за гонење на сторители од областа на организиран криминал и корупција, за определување на краткотраен притвор во која постапка лицето по свое сопствено барање се здоби со статус на заштитен сведок, а потоа тој истиот во жалбена постапка го изгуби статусот на заштитен сведок поради што Обвинителството ја прошири истрагата и против него и истиот сега се наоѓа во притвор.
Канцеларија за односи со јавност
при Основен суд Скопје 1 Скопје
|
 |
|
|
03.05.2012 СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
|
|
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
во врска со акцијата
„Монструм“
- До Основниот суд Скопје 1 Скопје на ден 02.05.2012 година, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје поднесе барање за спроведување истрага со предлог за определување на мерка притвор Ко.бр.36/12 од 02.05.2012 година против обвинетите А.Д, А.И, А.И за по едно кривично дело Тероризам од чл.394-б ст.1 од КЗ и против обвинетите А.Ф и С.Р за по едно кривично дело Тероризам од чл.394 – б ст.1 в.в со чл.24 од КЗ.
Истражниот судија при одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје I Скопје, постапувајќи по барањето за спроведување истрага со предлог за определување на мерка притвор Ко.бр.36/12 од 02.05.2012 година донесе решение КИОК.бр.26/12 од 02.05.2012 година за спроведување истрага против обвинетите А.Д, А.И, А.И за по едно кривично дело Тероризам од чл.394-б ст.1 од КЗ и против обвинетите А.Ф и С.Р за по едно кривично дело Тероризам од чл. 394 – б ст.1 в.в со чл.24 од КЗ И НА СИТЕ ИМ ОПРЕДЕЛИ МЕРКА ПРИТВОР. Определената мерка притвор за А.Д и А.И кои се во бегство се смета од денот на нивно пронаоѓање и лишување од слобода.
- Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје поднесе барање за спроведување истрага со предлог за определување на мерка притвор Ко.бр.37/12 од 02.05.2012 година против обвинетата Ф.Б од с.Отња – Куманово за кривично дело Тероризам од чл.394-б ст.6 од КЗ.
Истражниот судија при одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје I Скопје, постапувајќи по барањето за спроведување истрага со предлог за определување на мерка притвор Ко.бр.37/12 од 02.05.2012 година донесе решение КИОК.бр.27/12 од 02.05.2012 година за спроведување истрага према обвинетата Ф.Б за кривично дело Тероризам од чл. 394-б ст.6 од КЗ и ОПРЕДЕЛИ ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ, откако јавниот обвинител по сослушување на обвинетата на записник го повлече предлогот за определување на мерка притвор и предложи определување на превентивни мерки.
- Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје поднесе предлог за определување на краткотраен притвор Ко.бр.36/2012 од 02.05.2012 година против Ќ.Д, Џ.З, М.Ќ, Б.Х, М.М, А.Р, С.А, С.Б, М.И и К.Д за кривично дело Тероризам од чл.394 – б ст.1 од КЗ.
Истражниот судија при одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје I Скопје, постапувајќи по предлогот за определување на краткотраен притвор Ко.бр.36/2012 од 02.05.2012 година донесе решение КИОК.бр. 25/12 од 02.05.2012 година со кое на Ќ.Д, Џ.З, М.Ќ, Б.Х, М.М, А.Р, С.А, С.Б, М.И и К.Д им определи КРАТКОТРАЕН ПРИТВОР ВО ТРАЕЊЕ ОД 48 ЧАСА.
- Основното јавно обвинителство поднесе три барање за спроведување истрага со предлог за определување мерка притвор Ко.4.бр.224/12 од 02.05.2012 година према обвинетите А.Р и И.А за кривично дело Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од КЗ, Ко.4.бр.220/12 од 02.05.2012 година против обвинетиот М.Н за кривично дело Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од КЗ и Ко.4.бр.228/12 од 02.05.2012 година против обвинетиот З.И за кривично дело Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.2 в.в ст.1 од КЗ.
Истражниот судија постапувајќи по барањата за спроведување истрага со предлог за определување мерка притвор Ко.4.бр.224/12, Ко.4.бр.220/12 и Ко4.бр.228/12, сите од 02.05.2012 година донесе три решенија и тоа решение Ки.бр.434/12 од 02.05.2012 година за спроведување истрага према Р.А и И.А за кривично дело Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од КЗ и им определи мерка притвор, решение Ки.бр.429/12 од 02.05.2012 година за спроведување истрага према М.Н за кривично дело Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од КЗ и му определи мерка притвор и решение Ки.бр.428/12 од 02.05.2012 година за спроведување истрага против З. И за Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.2 в.в ст.1 од КЗ и му определи мерка притвор.
Со почит,
Канцеларија за односи со јавност
при Основен суд Скопје 1 Скопје
|
 |
|
|
02.05.2012 СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
|
|
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Во врска со акцијата „Монструм“ ја известуваме јавноста дека денес на 02.05.2012 година во Основниот суд Скопје I Скопје се приведени осомничените лица.
Истрагата е во тек, при што од страна на истражниот судија се превземаат сите потребни истражни дејствија согласно одредбите од Законот за кривична постапка.
Со почит,
Канцеларија за односи со јавност
при Основен суд Скопје I Скопје
|
 |
|
|
17.04.2012 СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
|
|
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Во врска со настанот од 13.04.2012 година, во близина на езерото на с.Смиљковци, во кој што 5-пет лица го загубија животот, ја известуваме јавноста дека од страна на Oсновниот суд Скопје I Скопје, се превземени сите потребни дејствија, а со цел расчистување на настанот, при што истражниот судија на овој суд ги издаде потребните наредби за вештачење, како и наредба да се изврши обдукција на телата на починатите, а преземени се и други дејствија согласно законот. До овој момент до судот не се доставени писмените наоди и имислења изготвен од вештите лица од страна на вештите лица, а по претходно издадените наредби од стран на истражниот судија. Истрагата е во тек, а за евентуално нови сознанија и детали во врска со овој настан, јавноста ќе биде благовремено известена.
Канцеларија за односи со јавност
при Основен суд Скопје 1 Скопје
|
 |
|
|
05.04.2012 СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
|
|
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Ја известуваме јавноста дека Oсновниот суд Скопје I Скопје, денес на ден 05.04.2012 година ја објави пресудата со која го огласи за виновно лицето П.Л. и го осуди на казна затвор во траење од 5-пет години, во која казна се засметува и времето поминато во притвор сметано од 22.05.2008 година до 06.11.2008 година.
Истовремено, со пресудата се конфискува имотната корист прибавена со кривичното дело.
Лицето П.Л. е осудено дека сторил кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл. 273 ст.5 в.в. со ст.1 од Кривичниот Законик на Република Македонија, кое го сторил во времето кога бил генерален директор на Јавното претпријатие „Електростопанство на Македонија“ Скопје.
Со почит,Канцеларија за односи со јавност при Основен суд Скопје 1 Скопје
|
 |
|
|
14.03.2012 СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
|
|
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Oсновниот суд Скопје I Скопје, со пресуда КОК.бр.23/11, објавена на ден 14.03.2012 година, огласи за виновни 20-дваесет лица дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од чл. 394 ст.2, ст.1 од КЗ, Перење пари и други приноси од казниво дело од чл. 273 ст.5, ст.2, ст.1 од КЗ, Даночно затајување од чл. 279 ст.2, ст.1 од КЗ, Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.4 вв со ст.3 и 1 и вв чл. 23 од КЗ, Оштетување или повластување на доверители од чл.257 ст.2 од Кз на РМ.
На првообвинетиот В.Р. му е изречена единствена казна затвор во траење од 13-тринаесет години, на А.Р. и Ж.Ѓ., Н.Р., З.М., Е.Р. С.М., Б.П. и Р.Ч. им изрече единствена казна затвор во траење од по 6-шест години, на Х.Р., Н.Р.И. и Р.И. им изрече единствена казна затвор во траење од по 7-седум години, на Д.П. му изрече единствена казна затвор во траење од траење од 5 години и 6 месеци, на Ѓ.Џ. единствена казна затворво траење од 5-пет години, на И.И. му изрече казна затвор во траење од 3 години, на Ж.С. му изрече единствена казна затвор во траење од 3 години и 6 месеци, на Н.К. и С.П. им изрече единствена казна затвор во траење од по 4-четири години, на А.К. единствена казна затвор во траење од 2 години и 3 месеци, на А.Д. му изрече алтернативна мерка условна осуда при што му е утврдена казна затвор во траење од 2 години која нема да се изврши доколку за време од 4-четири години не стори ново кривично дело. Истовремено, на обвинетите им се изречени и парични казни во висина од 5.000 евра, 4.000 евра, 3.000 евра и 2.000 евра.
Обвинетите Ј.Љ., М.Т. и М.А. се ослободени од обвинение за кривично дело Спречување на докажување од чл.368 ст.1 од КЗ на РМ, бидејќи дејствијата на извршување опишани во обвинителниот акт се во обид, а обидот за тоа кривични дело не е казнив.
Истовремено, со Пресудата КОК.бр.23/11 од обвинетите се одземени предметите употребени или наменети за извршување на кривичните дела, а се конфискува и имотната корист прибавена со кривичните дела.
Обвинетите, со чии дејствија е причинета штета на правните лица оштетени во постапката, се задолжени солидарно да им ја надоместат штетата, во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата, а под страв од присилно извршување.
По донесувањето на пресудата, на В.Р., З.М., Е.Р., Д.П. и С.М., мерката притвор е продолжена до правосилноста на пресудата односно до започнување на издржување на казната. На А.Р., Ж.Ѓ., Н.Р., Ѓ.Џ. и Н.К. мерката куќен притвор е продолжена до правосилноста на пресудата односно до започнување на издржување на казната. На И.И., Ж.С,. и на С.П. мерката притвор им е заменета со мерка куќен притвор. На А.К. по објавувањето на пресудата и е укината мерката куќен притвор. Према трите обвинети лица кои се во бегство и тоа Х.Р., Р.И., Р.Ч. и Н.Р.И мерката притвор е продолжена до правосилноста на пресудата односно до започнување на издржување на казната и тоа од моментот на нивно пронаоѓање и лишување од слобода, додека за обвинетиот Б.П. по објавувањето му е определена и мерка притвор и тоа од моментот на негово пронаоѓање и лишување од слобода.
Со почит,
Канцеларија за односи со јавност
при Основен суд Скопје 1 Скопје
|
 |
|
|
23.02.2012 СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
|
|
Во врска со објавената информација во Утрински весник од новинарот Љ.С во делот каде што е цитирана изјава на Канцеларијата за односи со јавност на овој суд, ја информираме јавноста дека такво соопштение не е дадено, а во овој контекст ги повикуваме сите новинари пред да објават било каква информација навистина да се обратат до Канцеларијата за односи со јавност од која ќе добијат вистинити и објективини податоци.
Со почит, Канцеларија за односи со јавност на Основен суд Скопје 1 Скопје
|
 |
|
|
04.01.2012 СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
|
|
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Oсновниот суд Скопје I Скопје, со пресуда КОК.бр.70/11, објавена на ден 04.01.2012 година, огласи за виновни 2-две лица, и тоа на Х.Х.И. и на М.А. им изрече единствена казна затвор во траење од по 9-девет години, во која казна затвор се засметува времето минато во притвор.
По донесувањето на пресудата, мерката притвор е продолжена до правосилноста на истата, односно до започнување на издржување на казната.
Истовремено, со Пресудата КОК.бр.70/11 на обвинетите им се изрекува казна-Протерување странец од земјата-засекогаш, започнувајќи од денот на протерување од Р.Македонија, а по издржаната казна затвор.
Осудените лица беа обвинети дека сториле кривични дела Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти по чл.418-в ст.1 од КЗ на РМ и продолжено кривино дело Криумчарење мигранти од член 418-б ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ на РМ.
Со почит,
Канцеларија за односи со јавност
при Основен суд Скопје 1 Скопје
|
 |
|
|
15.12.2011 СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
|
|
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Oсновниот суд Скопје I Скопје, со пресуда КОК.бр.46/11, објавена на ден 15.12.2011 година, огласи за виновни 14-четиринаесет лица, од кои на А.Р., М.Ф. и Ј.Р. им изрече казна затвор во траење од по 13-тринаесет години, на М.Е., М.Л., С.Џ., М.Б. и К.Ј им изрече казна затвор во траење од по 7-седум години, на А.Е. казна затвор во траење од 10 години, на Р.Н. му изрече единствена казна затвор во траење од 5-пет години и 6-шест месеци, на М.С. и Г.К. им изрече казна затвор во траење од по 3-три години, на Х.Ф. казна затвор во траење од 1-една година и на Д.Н. му изрече алтернативна мерка условна осуда со која на обвинетиот му утврди казна затвор во траење од 1-една година која нема да се изврши доколку за време од 3-три години не стори ново кривично дело.
Истовремено, со Пресудата КОК.бр.46/11 од обвинетите се одземени наркотичната дрога, како и подвижните предмети употребени за нивно правење, пренесување или растурање. Одземени се и предметите употребени за извршување на кривичните дела.
Во корист на Република Македонија, од обвинетиот М.Л. е конфискувана имотна корист прибавена со кривичното дело во износ од 479.500,оо денари, додека од К.Г. во износ од 450 евра.
По донесувањето на пресудата, на А.Р., М.Ф., Ј.Р. и А.Е. мерката притвор е продолжена до правосилноста на пресудата односно до започнување на издржување на казната и тоа од моментот на нивно пронаоѓање и лишување од слобода. На сите останати осудени лица им е продолжена мерката притвор до правосилноста на пресудата односно до започнување на издржување на казната, освен на С.М. и Х.Ф. на кои судот со Решение ја укина мерката притвор на 15.12.2011 година.
Осудените лица беа обвинети дека сториле кривични дела Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по чл.215 од КЗ и злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот Законик.
Со почит,
Канцеларија за односи со јавност
при Основен суд Скопје 1 Скопје
|
 |
|
|
|
|
|